Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го коментираше неговото исклучување и постапките на судијата за време на синоќешниот натпревар со Реал Мадрид во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.
Гостите од Шпанија победија со 1:0.
На прашање на новинарите „Дали бевте исклучен затоа што протестиравте против тоа што Винисиус не доби втор жолт картон?“, Муриоџо одговори:
„Не… не… Бев исклучен затоа што го кажав очигледното: судијата имаше белешка на која пишуваше дека Чуамени, Карерас и Хајзен не можат да добијат жолт картон и тој не сакаше да ги предупреди Карерас и Чуамени“, го цитира Мурињо „YSscores“. Му го кажав тоа на судијата. Досега сум на аут-линијата 1.400 натпревари и тој многу добро знае кого може да предупреди, а кого не. Сите знаеме како стојат работите.
Сепак Мурињо го призна поразот.
– Реал заслужи да победи. Беше подобар. Во реваншот нема да можам да бидам на клупата, да одам во соблекувалната или да комуницирам со тимот, и ќе биде тешко, но имам колеги и асистенти, и тие ќе си ја завршат работата.
Реваншот ќе се игра во Мадрид на 25 февруари. зс/
Фото: миа
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: