Жозе Мурињо беше бесен на судиите по елиминацијата на неговиот Фенербахче од квалификациите за Лигата на шампионите.
Турскиот клуб е елиминиран од ЛШ, бидејки во 3. квалификациско коло, по продолженија против Лил, беа поразени, а португалскиот тренер беше бесен на судиите.
– Може да направиме добра работа во Лига Европа. Но, не би сакал да завршам некоја реченица која сега ми се мота низ глава, затоа што ако ја почнам и ја завршам, би можел да западнам во сериозни проблеми.
– Денес еден тим заслужи да победи, но на крајот слави другиот тим. Реален сум, тешко ќе дојдевме до ЛШ, но имаме шанси во Лига Европа.
На новинарско прашање до Мурињо, што тргна по зло по нив, Португалецот одговори:
– Го гледавте ли вие натпреварот? Тогаш треба ли да ви објаснувам повеќе?“, се надоврза Мурињо.