Мудрик позитивен на допинг тестот

Фудбалерот на Челси и на украинската репрезентација, Микаил Мудрик (23) паднал на допинг тестот, јавуваат голем број англиски и украински медиуми. Украинецот веднаш е суспендиран до утврдување на околностите и деталите. Мудрик го направи и таканаречениот Б примерок и сега ја чека втората анализа.

Медиумите не откриваат која забранета супстанца е пронајдена во телото на Мудрик, но наведуваат дека тој најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на сезонава. Засега ништо за ова не објавија ниту клубот ниту самиот играч.

Мудрик пристигна во Челси од Шахтјор во трансфер вреден 70 милиони евра. Беше еден од најбараните играчи во Европа, а Челси во последен момент го „украде“ од градскиот ривал Арсенал, со кој Украинецот веќе имаше договорен трансфер во начело.

Сезонава поради проблеми со повредите одигра само седум натпревари и постигна еден гол. Севкупно, Мудрик се’ уште не ги оправда големите очекувања и големиот трансфер. На 73 натпревари за Челси, тој постигна 10 и имаше девет асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО