Му платија 700 милиони долари, веднаш направи нешто што МЛБ досега не видела

Јапонскиот бејзбол играч Шохеи Охтани, изминатата ноќ, влезе во историјата на МЛБ.

Шохеи Охтани дојде во Лос Анџелес Ејнџелес како фрлач (pitcher) и веднаш стана голема ѕвезда бидејќи правеше работи кои не се видени во модерниот спорт, а тоа е да игра и во поле и покрај тоа што е фрлач.

Јапонецот уриваше рекорди во фрлања и погодоци (хоум ран), па го привлече вниманието на градскиот ривал Лос Анџелес Доџерс кој му плати дури 700 милиони долари.

Овој 10-годишен договор е најголемиот во историјата на спортот, а лудилото допрва ќе следи бидејќи Шохеи Охтани направи нешто што досега не е видено.

Шохеи Охтани игра на позицијата удирач и стана првиот играч во историјата на МЛБ кој има 50 хоум ран (погодок кога топката оди преку трибините и не може да се фати) и 50 украдени бази (кога играчот ќе стигне до базата пред да дојде топката до неа).

„Овој спорт се игра повеќе од 200 години, никој во историјата на лигата не го направил она што него му успеа“, изјави тренерот на Лос Анџелес Доџерс, Дејв Робертс.

Рекордот беше соборен во Мајами за време на натпреварот помеѓу Доџерс и Марлинс, во седмиот ининг Охтани влезе во историјата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО