Мората му се нуди на клубот каде што двапати играше?

Шпанскиот капитен, Алваро Мората (31) го напушта Атлетико Мадрид и сака да се врати во Италија, во Јувентус, по трет пат, пишува Фабрицио Романо.

– Приоритет на Мората е да се врати во Италија. Тој го чека Јувентус, сака да се врати таму и се надева на Јуве, клубот што го обожава, вели Романо.

Мората кариерата ја почна во Реал Мадрид, а од 2014 до 2016 година беше во Јувентус. Потоа се врати во Реал, кој го продаде на Челси.

Мората е играч на Атлетико од 2019 година, но од 2020 до 2022 година беше на заем во Јувентус. Мората за Шпанија има одиграно 77 меча и дадено 36 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО