Селекторот на Турција, Италијанецот, Винченцо Монтела беше воодушевен од победата на неговата репрезентација над Австрија, со 2:1 во осминафиналето на ЕП. Турција сега ќе се соочи со Холандија во битка за пласман во полуфиналето.
– Многу, многу важна победа. Тимскиот дух не’ водеше од првата до последната минута. Тоа за првпат го покажавме на гостувањето кај Хрватска во квалификациите. Многу сум среќен и заради играчите.
На претходните натпревари имавме некои проблеми околу разбирањето на теренот, но на овој меч ‘се беше совршено. Ова е историски резултат. Го повторивме подвигот од ЕП 2008 кога Турција три победи, изјави Монтела.