Французинот Гаел Монфис (38), во третото коло на Австралија Опен го победи Американецот Тејлор Фриц, кој е 11 години помлад и четврти во светот.
Резултатот по три часа и речиси 10 минути беше 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), 6:4.
Фриц го доби првиот сет, а Монфис (41. на АТП листата) долго време го кршеше својот ривал за да избори место меѓу најдобрите 16 играчи на првиот календарски Грен слем.
Поискусниот играч го приведе дуелот кон крајот со својот 24. ас на мечот, а потоа танцуваше триумфално.
Единствениот повозрасен од Монфис кој „влезе“ во оваа фаза од натпреварувањето беше Роџер Федерер.
Турнирот заврши и за 19. носител, Карен Хачанов. Тенисерот од Русија во три сета доживеа пораз од Американецот Алекс Микелсен.
Бајката на Австрлија опен продолжи за Алекс Тиен. 19-годишниот Американец кој во претходната рунда го елиминира Данил Медведев, во третото коло во три сета го победи Корентан Муте од Франција.
Третата рунда ја минаа домашниот миленик Алекс Де Минор и Лоренцо Музети. Тие во четири сета славеа во дуелите со Серундоло, односно Марожан.