Македонскиот олимписки комитет (MOK) преку социјалните мрежи прави промоција на спортистите што ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри (ОИ) во Париз што ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.
„Милијана Релиќ ќе биде македонската преставничка во таекводно, во категоријата до 57 кгр. Таа на последните седум турнири освои пет медали, од кои последниот, златен, на Европското клупско првенство во Тирана, Албанија.
Релиќ речиси до совршенство доведе одредени техники со кои драстично отстапува од другите натпреварувачки. Според кондициската подготвеност таа е меѓу петте најдобри во светот.
И посакуваме среќа на Мила која ќе настапи на турнирот во Париз, од 7 до 10 август“, неведуваат од МОК.