МОК ги претставува олимпијците за Париз: Дарио Ивановски ќе трча маратон

Македонскиот олимписки комитет (MOK) преку социјалните мрежи прави промоција на спортистите што ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри (ОИ) во Париз што ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Прв на листата е атлетичарот, Дарио Ивановски, олимпискиот стипендист на МОК кој ќе настапи во најтешката дисциплина, во маратон.

„Ивановски има трчано на многубројни атлетски дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020-та. Во неколку наврати тој го подобруваше државниот рекорд во маратон кој моментално изнесува 2:08,26 часа истрчан во февруари годинава во Севилја.

Дарио во моментов е на подготовки во Франција и таму ќе остане до почетокот на ОИ. Му посакуваме среќа на Дарио Ивановски кој ќе настапи на 10 август на маратонотската трка низ Париз“, стои во објавата на МОК на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО