Тиквеш забележа победа на дебито во европските купови, во Лигата на конференции (ЛК). Совладан е исландскиот Бреидаблик со 3:2, по воството на гостите од 2:0, и со предност ќе патуваат на реванш мечот.
Kавадарчани по половина час игра губеа со 0:2, со головите на Кристинсон и Еинарсон, но во последните 20-на минути направија целосен пресврт, за 3:2. Стојковски погоди за 1:2, а потоа Стојанов со гол од слободен удар израмни на 2:2, а конечните 3:2 ги постави Лео Гуера во финишот од мечот.
– На полувремето им реков на играчите дека ќе биде штета за сите нас ако барем не израмнине на 2:2. Го имавме и оној психолошки момент кај некои играчи. Не знам дали е во прашање Европа, или нешто друго?
Тиквеш може многу многу повеке од ова. Среќни сме што имаме вакви навивачи, што секогаш се тука за да не бодрат. На Исланд одиме да победиме, нема да се браниме, изјави Ѓорги Мојсов, тренерот на Тиквеш.