Модриќ продолжува да ги води Хрватите

Златко Далиќ, селекторот на Хрватска го објави списокот на играчи за натпреварите од Лигата на нации на почетокот на септември

Хрватите ќе играат против Португалија на 5 септември во Лисабон и три дена подоцна со Полска во Осиек. Во групата на Лигата на нации со Хрватска е и Шкотска.

На списокот го нема Марсело Брозовиќ кој се прости од репрезентацијата. Останува Лука Модриќ, Далиќ ги врати Кристијан Јакиќ, како и Дује Чалета-Цар, а за првпат повик добија напаѓачот Игор Матановиќ и играчот од редот за врска Петар Сучиќ.

Во однос на списокот на играчи од ЕП ги нема голманот Ивица Ивушиќ, Марко Пјаца и Марко Пашалиќ.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО