Весникот „Гардијан“ пишува дека Брајтон е во преговори со Киран Мекена, кој го предводеше Ипсвич до пласман во Премиер лигата, по пауза од 22 години.
Менаџерот на Ипсвич се поврзува со Манчестер јунајтед, Челси и со Брајтон, но засега нема никаква конкретна вест за негова преселба во летниот преоден рок.
Според „Гардијан“, младиот 38-годишен стручњак е во процес на преговори со Брајтон, кој е без менаџер, бидејќи Роберто Де Зерби веќе го напушта клубот.
Мекена му се приклучи на Јунајтед како тренер во академијата, во септември 2016 година. Во летото 2018-та беше промовиран во тренер на првиот тим под водство на Жозе Мурињо.
Оле Гунар Солскјаер го задржа Мекена во Стручниот штаб, а потоа тој работеше и со Ралф Рангник, пред да ја преземе функцијата менаџер на Ипсвич во декември 2021 година.