Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе учествуваат во европската Лига на шампиони и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Хрватска, Данска и Германија.
Битолчани, по завршениот жреб од страна на ЕХФ, се во втората група која напреварите ќе ги одигра следната година, на 30 и 31 март во хрватскиот град Пореч и силите ќе ги одмерат со домашниот младински шампион Загреб, со данскиот младински шампион Алборг и германскиот младински шампион Фуксе Берлин.
Како што е познато, младинскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер годинава учествуваше на завршниот турнир „Ф4 – Лига на шампиони за младинци“ кој се одржа во Келн, и како прв македонски претставник го освои четвртото место во Европа.
Фото: РК Еурофарм Пелистер
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: