Младинска ЛШ: Брера во 94. до нерешено против Сараево

Mладинскиот тим на Брера од Струмица, денеска го имаше своето деби во европските натпревари, тие на домашен терен одиграа нерешено против Сараево во младинската Лига на шампиони.

Натпреварот беше завршен со резултат 2:2, а стрелец на двата гола за струмичката екипа беше Мартин Ѓорѓиевски, кој голот за изедначување го постигна во самиот финиш од средбата.

Сараево имаше уверлива предност од 2:0, откако за нив погодија Поповиќ и Плочо, па за Брера остана само борба до крајот за да дојдат до позитивен резултат.

Првиот гол за враќање во резултатска неизвесност Ѓорѓиевски го постигна во 77. минута, а изедначувањето дојде во самиот финиш, практично во 94. минута од натпреварот, кога беа поставени конечните 2:2.

За една недела се игра реванш средба, овој пат во Сараево.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО