Мирчеа Луческу нов селектор на Романија

Романскиот фудбалски тренер Мирчеа Луческу ја прифати понудата да биде селектор на романската фудбалска репрезентација, каде ќе се обиде да ја одведе оваа селекција на СП во фудбал.

Месечната плата ќе му биде 27.000 евра, а доколку успее да ја пласира Романија на Светското Првенство ќе добие и бонус од 200.000 евра.

Ова ќе биде вторпат Луческу да е селектор на Романија откако претходно беше во далечната 1981 до 1985 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО