Миранчук замина во САД

Американскиот фудбалски состав Атланта кој настапува во МЛС лигата, денеска го потврди ангажманот на рускиот играч за врска, Алексеј Миранчук, објавија медиумите во САД.

28-годишниот интернационалец се определи да ја напушти италијанската Аталанта и да замине преку „големата бара“. Тој ќе има договор за четири сезони и ќе заработува околу 3 милиони евра.

Миранчук за екипата од Бергамо има одиграно 98 натпревари на кои даде13 гола и направи19 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО