Миовски на мегдан со “кралевите“!

Вечерва од 21.00 часот на “Монтиливи“, во меч од 16.коло во Ла Лига, Џирона го дочекува Реал Мадрид. Ништо толку екстра значајно за нас, за македонската фудбалска јавност до пред некој месец, но сега и тоа како значајно. Познато е дека за Џирона игра Бојан Миовски, Супер-Бојан, голгетерот на македонската фудбалска репрезентација, и затоа овој меч и тоа како е интересен за нас.

Ако Бојан добие минутажа, тогаш за првпат во својата кариера Македонецот ќе настапи против “кралевите“, против најголемиот клуб во светот. Ретки се тие македонски фудбалери кои во минатото, па и сега што имале шанса да играат против светскиот гигант, еве сега таква можност ќе има Бојан Миовски кој ќе има и шанса пред целиот светски аудиториум да покаже што знае.

Бојан досега во текот на оваа сезона успеа да постигне четири голови во дресот на Џирона, два против Еспањол во Ла Лига и два против Екстрамадура во Копа дел Реј.

Да му посакаме на нашиот фудбалер со кого се гордееме прво да настапи а потоа и со гол да се прослави вечерва против најголемиот клуб во светот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО