Министерот Борко Ристовски гостин на Младинските спортски игри во Сплит

Министерот за спорт Борко Ристовски со дел од неговиот кабинет, присуствуваше како специјален гостин на завршницата од Младинските спортски игри што се одржа од 19 до 23 август во Сплит, Хрватска.

За време на престојот во Сплит, Ристовски оствари повеќе билатерални средби со неговите колеги, претставници на владите од регионот, со евроамбасадорот Јоханес Хан, истакнати поранешни спортисти и спортски работници.

-Нашата заложба е и младите спортисти од Македонија во иднина да станат дел од овој најголем младински спортски настан во Европа кој ги поврзува младите од регионот. Младинските спортски игри се позитивен пример за регионална соработка поради вниманието што го посветуваат на обединување на децата и младите преку спортот и промовирање на спортот и спортскиот начин на живот, истакна министерот Ристовски.

На Спортските младински игри во Сплит присуствуваа и министерот за туризам и спорт на Република Хрватска, Тончи Главина, министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ, министерот за економија, спорт и туризам на Република Словенија, Матијаж Хан, министерката за образование и наука на Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, како и повеќе сегашни и поранешни спортисти меѓу кои и Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Шиме Врсаљко, Александар Коларов, Дарио Срна, како и претставници на спонзорите и јавни личности од регионот и од Европа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО