Американската милијардерка Марта Стјуарт (84) му се придружи на својот пријател, раперот Снуп Дог како малцински сопственик во велшкиот фудбалски клуб Свонси.
Клубот не ги објави финансиски детали, а сопствениците на Свонси доцна синоќа ја пречекаа Стјуарт.
„Со задоволство потврдуваме дека Марта, која изгради долга и успешна кариера како водечки американски експерт за домаќинство и животен стил, тргна по стапките на Снуп и Лука Модриќ и стана малцински сопственик на нашиот фудбалски клуб“, се наведува во клупското соопштение, пренесува Би-Би-Си.
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, стана инвеститор и косопственик на клубот од Чемпионшип лигата во април, додека раперот Снуп Дог го стори истото неколку месеци подоцна.
ФОТО: Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: