Милијана Рељиќ одлично стартуваше на ОИ во Париз

Македонската таеквондистка, Милијана Рељиќ приреди големо, пријатно изненадување на дебито на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Таа во првата квалификациска рунда, во категоријата до 57 килограми, се сретна со една од најдобрите во овој спорт, двократната олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија и имаше одлична борба против далеку поискусната противничка.

Рељиќ влезе храбро во борбата во која агресивната Британка ги освои првите поени. Сепак, Мила ја доби првата рунда со 7:6. Во втората, искуството на противничката дојде до израз, па ја доби рундата со 5:4 за израмнување на 1:1. Решавачката трета рунда заврши нерешено 1:1, но поради повеќето контакти, Рељиќ беша победничка.

Рељиќ попладнево (од 15.45 часот) во четвртфиналето ќе се бори си Летиција Ајуд од Либан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО