Милевски: Задоволен сум од начинот на кој игравме, имаме уште многу работа за да напредуваме во играта

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз од Црна Гора го заврши мартовскиот циклус пријателски натпревари. Селекторот Благоја Милевски по натпреварот со Црна Гора (0:1) даде своја анализа на овој , но и на претходниот натпревар на нашата репрезентација.

– Противникот немаше ниту еден шут од игра кон голот. Прекините ни се проблем, работиме напорно на тоа. Се обидовме денес да ја промениме поставеноста на корнери, игравме некоја зона. Сепак, се случуваат такви грешки како при голот и ќе работиме понатаму. Морам да изразам задоволство за начинот на кој игравме. Македонија доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. За жал шансите, особено во првиот дел, не ги искористивме. Сето останато што побарав од играчите беше исполнето. Морам да бидам задоволен од виденото. Пак ќе потенцирам дека Македонија одигра квалитетен натпревар против повеќе од сериозен противник како Црна Гора. Сè на сè, задоволен сум од двата натпревари во Анталија. Имавме доста промени на тактички план меѓу двата меча со Молдавија и Црна Гора. Тргнувајќи од индивидуалната тактика и поставеноста на играчите, имаше доста измени, а сите го исполнија тоа што се бараше од нив. Ако Македонија изгледа вака како денес, јас ќе бидам среќен. Секако, ако го тргнеме резултатот на страна. Иако резултатот е најважен, тоа не е така на овие контролни натпревари. Многу поважно ми е што ќе покажат играчите, изјави Милевски.

Македонија во Анталија одигра со Молдавија (1-1) и загуби од Црна Гора (1-0) во двата пријателски натпревари во Турција. Во јуни нашиот национален состав ќе одигра уште два квалитетни теста, против Хрватска и Чешка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО