Милевски: Сега цел фокус е на трите бода против Казахстан

Во пресрет на натпреварот на официјалната прес-конференција се обрати селекторот Благоја Милевски Предводникот на А-тимот нагласи дека против Казахстанците нема да биде лесно, впрочем тоа се виде и на гостувањето во Астана, ама исто така нагласи дека фудбалерите се подготвени да нападнат нови бодови.

„Малку ќе се повторуваме, но таква е ситуацијата. Секој натпревар е важен, секој следен е најважен. За нас Казахстан е прв на менито и најважен. Се согласувам дека ќе биде и тоа како тешко. Покажаа и на првиот меч во Астана дека се квалитетни. Сега имаат нов селектор со нова филозофија и ќе биде потешко за анализа и подготовка. Сепак, мислам дека сме подготвени да одговориме на секој предизвик. Се надевам дека сите ќе бидат здрави и подготвени. Ќе одмараме во вторник, а дотогаш се што е потребно за да бидеме успешни веќе се прави. Ќе видиме што ќе ни донесе самиот натпревар. Искрено, никогаш не размислувам за останатите натпревари. Сиот фокус го поставуваме на нашето, како да дојдеме до посакуваните три бода и не се фокусираме на мечот меѓу Велс и Белгија“, изјави Милевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Казахстан се игра в понеделник во терминот од 20:45 часот. Нашата селекција до крајот на циклусот ќе биде слободна во претпоследното коло, а во завршното му гостува на Велс во натпревар кој може да биде решавачки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО