Милевски: Добра група, можеме да се надеваме на добри резултати 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски смета дека во групата Ј, за пласман на Светското првенство (СП) 2026-та, со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, можеме да се надеваме на добри резултати.

– Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит, тоа е една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои сметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да им се спротивставиме на вистински начин.

Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата.

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и додново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување, изјави Милевски за официјалната интернет страница на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО