Мика Муринен е нов кошаркар на Партизан, објави претседателот на клубт Остоја Мијаиловиќ.
„Дозволете ми да ви се заблагодарам што дојдовте во овој број и тоа е добар знак. Големата вест се случи пред оваа сезона, а тоа е дека Мика Муринен потпиша договор на три сезони.“
Информацијата дека Партизан е заинтересиран за младиот Финец беше објавена во четврток вечерта, а 24 часа поодцна ја потврди претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.
Талентираниот фински кошаркар потпиша договор на три години. Тој доаѓа од средно училиште во Аризона, и покрај тоа што му се прогнозираше дека ќе заигра за некои од најголемите универзитети во Америка.
Зад 18-годишникот е одличен Евробаскет, каде што стигна до четвртото место со Финска, а имаше значајна улога од клупата и го претставуваше „Х-факторот“ на оваа репрезентација. Патем, тој ја доби и наградата за најдобар млад кошаркар во ова натпреварување.