Предраг Мијатовиќ повторно го критикуваше Карло Анчелоти. За „Ел Ларгуеро“, тој се огласи по поразот на Реал во Билбао од Атлетик (2:1). Реал од почетокот на сезоната има два порази во првенството и три во Лигата на шампионите.
„Доколку Карло Анчелоти се налути на некого, тоа би било добро за Реал. Потребен ни е Анчелоти кој може некого да одведе во пеколот, а не да биде пацифист“, рече Мијатовиќ и дополни.
„Имаме тим со многу квалитет, но во моментов е психички кревок. Реал на моменти покажуваше недостаток на самодоверба, делуваше изгубено. Ернесто Валверде го потопи, бидејќи во последно време Реал е анемичен“.
Голем број фанови, но и стручна јавност, прстот го вперија кон Килијан Мбапе.
„Не би било лошо за Ембапе доколку започне натпревар на клупата. Треба да се смири. И кога шутира пенал нема самодоверба“, истакна Мијатовиќ.
Поранешниот фудбалер на Реал верува дека Мбапе ќе покаже зошто Реал толку долго се бореше да го донесе во Мадрид.
„Килијан ќе ни донесе многу радост, но не со оваа филозофија. Кога го гледам Ембапе во дресот на Реал Мадрид, гледам мегаѕвезда. Исто така, забележувам дека станува не се чувствува добро под притисок. Проблемот на Реал оваа сезона се токму неговите доблести демонстрирани во претходните години“, додаде Предраг Мијатовиќ.