Голманот Мигел Еспиња Фереира (30) ќе го продолжи престојот во Скопје како член на Вардар, до јуни 2027 година.
Клубот и Еспиња ги договорија условите за негово останување со што Вардар ќе задржи уште еден важен член во тимот.
Актуелниот договор на португалскиот интернационалец беше со важност до крајот на оваа сезона, но се активираше клаузулата за останување уште најмалку две. Еспиња дојде летово во Вардар и заедно со Васил Гогов го сочинуваат голманскиот тандем.
-Со искуството што го поседува Еспиња ги потврди квалитетите, и во иднина повторно ќе биде еден од столбовите во клубот. Вардар продолжува со договарање на играчи кои ќе донесат дополнителен квалитет во тимот, и ќе работат на исполнување на клупските цели, соопштија од клубот.