Мелони: Неверојатно е што се случува на Игрите

Женскиот боксерски меч на Олимписките игри во Париз меѓу Италијанката, Ангела Карини и Имане Калиф од Алжир не беше фер борба, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Таа ги даде коментарите откако Карини се повлече од контроверзната женска борба до 66 килограми против спортистка која беше дисквалификувана по полово тестирање на Светското првенство во бокс минатата година, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони додаде дека правилата на ИОК не смеат да се разликуваат од тие на Федерациите и дека тоа не наликува на витештво и спорт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО