Мекларен в недела може да ја обезбеди титулата меѓу конструкторите

Тимот на Мекларен може да ја освои шампионската титула на трката во недела за Големата награда на Сингапур.

Мекларен можеше да ја освои шампионската титула кај конструкторите во 2025 година во Азербејџан, на градската патека во Баку, но го имаа најлошиот викенд во сезоната со освоени само шест бода.

Тие победија на 12 трки во сезоната, седум пати возачите на папаја тимот беа на првите две позиции и со причина се први фаворити за освојување на шампионската титула.

Мекларен освоија 623 бода, додека Мерцедес има 290, Ферари 286, а Ред Бул 272, и јасно е дека патот до десеттата шампионска титула на Мекларен во историјата на тимот е веќе познат.

До крајот на сезоната останаа седум трки и три спринт трки, во игра се вкупно 346 бода, додека предноста на Мекларен во однос на Мерцедес е 333 бода, а 337 бода во однос на Ферари.

Доколку Мекларен освои 13 бода на трката во Сингапур, официјално ќе ја освојат титулата меѓу конструкторите за 2025 година.

Ова значи дека е доволно само еден од возачите, Пјастри или Норис да заврши меѓу првите тројца на трката за Големата награда на Сингапур.

Мекларен во досегашниот тек од сезоната, на само две трки, во Канада и Азербејџан, немаше возач меѓу најдобрите тројца.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО