Мегваер го откри моментот кога ќе мора да замине од Јунајтед

Хари Мегваер за кого долго се пишуваше дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед, претходните две сезони, сепак остана на Олд Трафорд.

Незадоволни од неговите игри, навивачите на Јунајтед, често на натпреварите му скандираа дека Хари треба да биде господин и да си замине сам, бидејки не е на рангот кој му е потребен на Јунајтед, но тој и покрај се, остана.

Тој поради пех, не беше дел од финалето во ФА Купот, кој Јунајтед го освои против Манчестер Сити. Исто така, тој не беше и дел од репрезентацијата на Англија на ЕП во Германија.

– Тоа веројатно беше најтешкиот момент во мојата кариера, напорно работев цела сезона за да бидам во добра кондиција и да заиграм во финалето на ФА Купот, а потоа и на ЕП. Тоа беше нова повреда, која требаше да ме задржи само три недели надвор од теренот, но потоа се искомплицира и ме остави надвор од теренот подолго, порача Мегваер.

Јунајтед деновиве го донесе младиот дефанзивец Јоро, а новинарите пак го прашаа Мегваер, дали тоа значи дека тој ќе замиме од Олд Трафорд, па одговори:

– Додека не ми кажат дека треба да заминам и дека сум на продажба, сакам да играм за овој клуб и повторно да го направам успешен. На основа на она што јас чувствувам, ќе продолжам да бидам дел од проектот на Јунајтед и во новата сезона, се надоврза дефанзивецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО