Меѓународната боксерска асоцијација ќе ја награди Анџела Карини со 50.000 долари

Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) на Италијанката Анџела Карини ќе ѝ додели парична награда од 50.000 долари.

Прашината сè уште не се спушти по борбата помеѓу Карини и Иман Хелиф од Алжир.

Хелиф минатата година беше исфрлена од светскиот шампионат поради нејзиниот биолошки пол. Таа е родена како маж и не смеела да се натпреварува со жени. Но, таа доби зелено светло да се натпреварува на Олимписките игри во Париз во категоријата до 66 килограми, што ги налути останатите натпреварувачки

Карини го предаде мечот по 46 секунди, а боксерската асоцијација одлучи на Италијанката да ѝ додели награда од 50.000 долари, а дополнително федерацијата доби 25.000 колку и нејзиниот тренер.

– Не разбирам зошто го убија женскиот бокс. Само спортистите кои ги исполнуваат условите треба да влезат во рингот од безбедносни причини. Не можев да ги гледам нејзините солзи – изјави претседателот на ИБА, Умар Кремлев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО