Медиуми: Распадори се враќа во Италија

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Италија, Џакомо Распадори (25) би можел да се врати во Серија А во зимскиот преоден рок, откако за неговите услуги голем интерес покажува калчолигашот Рома, јавија денеска италијанските медиуми.

Распадори ова лето се пресели од Наполи во Атлетико Мадрид, во трансфер вреден 22 милиони евра за него. Сепак, италијанскиот репрезентативец само еднаш оваа сезона се најде во почетниот соста на мадридскиот клуб во шпанското првенство, а не доби вистинска шанса ниту во Лигата на шампиони, останувајќи на клупата на четири од шесте натпревари.

Италијанските медиуми наведуваат дека Атлетико е отворен за преговори со Рома, која е заинтересирана за шестмесечна позајмица со опција за откуп на договорот.

Распадори во квалификациите за Светското првенство 2026 на седум натпревари за Италија постигна три голови и додаде две асистенции.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО