Германскиот репрезентативец во редовите на минхенски Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на лондонски Тотенхем во зимскиот преоден рок, јавија денеска британските медиуми.
Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на Баерн на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампиони, додека во Бундеслигата честопати беше заменуван по еден час игра.
Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, верува дека германскиот играч за врска би бил одлично решение за проблемите во средниот ред, а медиумите тврдат дека Горецка е отворен за нови предизвици.
Поволна околност за евентуалниот трансфер е фактот дека договорот на Горецка со Баерн истекува на крајот од оваа сезона.
ФОТО: ЕПА