Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објасни дека го посветил својот гол на Кристијано Роналдо во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига. Французинот славеше во традиционалниот стил на Португалецот.
Во натпреварот од шпанското првенство, Мбапе го постигна својот 59. гол за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот на Роналдо за постигнати погодоци во една календарска година.
-Кристијано е мој пријател и мој идол. Прославата беше посветена нему. Кристијано ми помогна да се адаптирам тука. Сакам да му ги испратам моите најдобри желби и му ги честитам претстојните празници. Ми беше задоволство. Имам своја прослава, но сакав да му го посветам овој гол конкретно нему, го цитираше Мбапе инсајдерот Фабрицио Романо.
Мбапе е лидер во трката за голови во шпанското првенство со 18 гола.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: