Мбапе на славниот навивач му го подарил дресот од првиот меч за „кралскиот клуб“

Ѕвездата на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Французинот Килијан Мбапе по натпреварот против Мајорка му го подарил својот дрес на легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал.

„Кралскиот“ клуб ја отвори новата сезона во Ла лига ремизирајќи на гости против Мајорка, 1:1.

На трибините на стадионот „Сон Моис“ беше и легендарниот шпански тенисер, Надал, кој е голем навивач на Реал. По натпреварот тој се симнал во соблекувалната каде што Мбапе му го подарил дресот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО