Мбапе конечно почна да дава голови и во Ла Лига, Реал Мадрид го победи Бетис

Во четврото коло од новата сезона, Килијан Мбапе конечно го даде првиот гол за Реал Мадрид во Ла Лига, а по првиот веднаш дојде и вториот, кралскиот клуб го совлада Бетис со 2-0

Отпорот на Бетис траеше до 67. минута кога по маестрална асистенција со пета на Валверде, Килијан Мбапе постигна деби гол во Ла Лига за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Осум минути подоцна Мбапе даде уште еден гол, овојпат погоди од пенал за водство од 2-0, што беше и конечен резултат на мечот.

По четири одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид има четири бода помалку од Барселона која е на врвот на табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО