Килијан Мбапе се’ уште нема добиено дел од парите заработени во ПСЖ во последните три месеци од договорот со парискиот клуб, но и дел од договорениот бонус.
Од парискиот клуб истакнуваат дека не му должат ништо и се чини оти за се’ ќе одлучи судот, пренесуваат шпанските медиуми.
ПСЖ инсистира дека ништо не му должи на Мбапе бидејќи тој, наводно, рекол дека нема да го напушти клубот, оти ПСЖ ќе нема корист од тоа, и дека дел од платата ќе остави во клупската каса.
Тој летово го напушти клубот како слободен играч и бесплатно мина во Реал Мадрид. Страната на Мбапе тврди дека немало вербален договор и затоа испратиле писмено предупредување до парижаните, заканувајќи се со правна постапка.
Претходно беше објавено дека Мбапе не ја добил платата за април, мај и за јуни и дел од бонусот од 80 милиони евра, ветени за потпишување на продолжувањето на договорот.
Адвокатскиот тим на Мбапе за ова ги известил УЕФА, Француската фудбалска федерација (ФФФ) и раководството на лигата. Наводно, побарувањата на новиот играч на Реал против стариот клуб изнесуваат 55 милиони евра.