Матеус: Винисиус не заслужи да ја добие Златната топка

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лотар Матеус, смета дека двајца играчи биле подобри од Винисиус Жуниор во 2024 година.

-Според мене, Родри повеќе ја заслужи Златната топка од Винисиус. Тој беше мозок и предводник на шпанската репрезентација, која стана шампион на Европа. Исто така и на Манчестер сити со кој ја освои Премиер лигата. Ова се две титули кои се освоени благодарение на неговото силно влијание и одличните настапи. За мене тој беше извонреден оваа година, изјави Лотар Матеус за „Билд“ и додаде:

– Второто место треба да му припадне на Џуд Белингем. Како и Винисиус, со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, но беше и еден од најдобрите играчи на Европското првенство. Не е неважно, но блгодарение на неговите голови, Англија стигна до финалето и стана европски вицешампион. Затоа, на врвот на мојата листа се Родри, Белингем и по нив Винисиус.

Шпанска „Марка“ во вторникот објави дека Винисиус ќе ја добие Златната топка за сезоната 2023/24. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 28 октомври во Париз, во театарот Шател.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО