Аргентинецот, Хавиер Маскерано рече дека може да го предводи Интер Мајами, иако првите неколку минути од неговата прва прес-конференција како тренер беа тешки.
Тој кашлаше, се мачеше да ги најде вистинските зборови, и мораше се напие малку вода пред да се смири. „Клима уредите во Мајами ми прават проблеми“, објасни Маскерано.
Маскерано минатата недела потпиша тригодишен договор и на клупата на Интер ќе го замени Херардо Мартино, кој поради лични причини го напушти клубот. „Уверен сум дека можам да го направам тоа. Не се сомневам“.
Очигледно, луѓето во светот ќе имаат свое мислење и тоа е секако е валидно. Но, уверен сум дека сум способен да го тренирам овој тим“, рече тој.
Во Интер, Маскерано ќе работи со најголемата ѕвезда на клубот, Лионел Меси, со кого своевремено играше во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина. „Да се биде тренер на овој клуб е многу амбициозно“, додаде Маскерано.
Тој е само три години постар од Меси, а ќе ги тренира Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускек со кои играше во Барселона.
– Не само што имам пријателски однос со Лео, туку има уште тројца во овој тим со кои играв долго време, а и се дружам. Тоа не го негирам. Но, треба да биде јасно, едно е работата, а друго пријателството, изјави Маскерано.
До неодамна тој работеше со аргентинската репрезентација (до 20 години) и со олимписката репрезентација. Тој договорно се раздели со Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) две години пред истекот на договорот.
Пред пет години раководството на Интер сакаше да го ангажира Маскерано да игра за клубот и по една година да ја превземе фудбалската академија. Тоа не се оствари, но сега 40-годишниот Маскерано се врати како тренер на првиот тим.