Комисијата за избори и верификација во рамките на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски сојуз, Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ на Вонредното изборно Собрание закажано за 22 декември, соопштија од ФФМ.
Одлуката на Комисијата за избори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на ФФМ на Вонредното изборно Собрание,се наведува во соопштението од ФФМ.