Одбојкарката на Доминиканската Република, Ниверка Марте, по поразот од европскиот првак Турција на Олимпискиот турнир во Париз 2024, вели дека сите треба да се насочат на мечот против Холандија.
– Се соочивме со два многу силни противника во нашите први два меча. Имаме доверба дека можеме да се бориме против тимови од нивниот калибар но, во двата натпревара направивме премногу грешки – вели Марте. Нејзината екипа на 3 август ќе игра против Холандија во обид да дојде до првата победа и да остане во конкуренција за пласман во разигрувањето за медалите.