Марсеј е кандидат за домаќин на финалето на ЛШ во 2027 година

Градот Марсеј понуди да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година, откако Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да ја повлече организацијата од стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

„А зошто да не се игра во Марсеј, на најубавиот стадион во Франција: Велодром“, напиша на платформата „X“, претставникот на градските власти на Марсеј, Себастиен Гибраел, само неколку часа по одлуката на УЕФА.

Според него, властите на Марсеј заедно со градоначалникот Беноа Пајан ќе ја поддржат кандидатурата на Марсеј да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година.

УЕФА во вторникот вечерта објави дека „Сан Сиро“ (стадионот на кој играат Милан и Интер) ја загубил организацијата на финалниот меч, бидејќи градот Милан не можел да гарантира дека стадионот и неговата околина ќе бидат подготвени за натпреварот, поради реновирање.

Од УЕФА изјавија и дека имаат за цел, до јуни да го одредат домаќинот. Следните две финалиња од Лигата на шампионите ќе се играат во Минхен и Будимпешта.

„Сан Сиро“, стадион со капацитет од околу 75.000 седишта, четири пати бил домаќин на најважниот натпревар на европскиот клубски фудбал (1965, 1970, 2001 и 2016 година).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО