Голема беше радоста на Шпанија и луѓето од таа земја вчера, откако прво ги израдува Карлос Алкараз со титула на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ, а потоа, вечерта и репрезентацијата на Шпанија, која ја совлада Англија за европска титула.
До долго во ноќта се славеше низ плоштадите во Шпанија две титули, а уште поголемо е задоволството за шпанскиот народ бидејки после Рафаел Надал, оваа земја добива еден достоен тенисер, кој може да го замени трофејниот тенисер.
Но она што е најинтересно е дека во моментите на занес, еден од најголемите весници во таа земја, весникот Марка, имаше доста интересна карикатура, однесувајки се на поразот на Новак Ѓоковиќ.
„Марка“ очигледно се обиде да го спушти Новак Ѓоковиќ на земја и шампионот на Вимблдон, Карлос Алкараз да го постави горе високо, на пиедесталот.
На карикатурата направена од страна на весникот „Марка“, се гледа како Алкараз, илустративно, се обидува да го потшиша Новак Ѓоковиќ со косилна, а притоа неговата коса е направена зелена, алудирајки на земјената подлога во Вимблдон.
View this post on Instagram