Мареска: Такви се правилата, сите трошат пари…

Тренерот на фудбалерите на Челси, Енцо Мареска, вака одговори на прашањето дали продажбата на играчите од клупската академија може да ги вознемири навивачите на „сините“.

– Тоа не е проблем на Челси, тоа се правилата на играта. Сите клубови во моментов се принудени да ги продаваат играчите од академијата поради прописите. Тоа е проблем за сите клубови од Премиер лигата.

Челси не е единствениот што троши пари на играчи. Сите големи клубови се обидуваат да купат засилувања. Некои клубови трошат повеќе, некои помалку, рече Мареска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО