Британскиот тенисер Енди Мареј (37) ќе се пензионира по Олимписките игри (ОИ) во Париз. Освојувачот на два златни олимписки медали на социјалните мрежи објави дека Париз ќе му биде последниот турнир во кариерата.
– Пристигнав во Париз на мојот последен тениски турнир. Играњето за Британија беше убедливо најнезаборавниот дел во мојата кариера и јас сум исклучително горд што го правам тоа за последен пат, напиша Мареј.
Мареј освои златни медали во поединечна конкуренција на Игрите во Лондон 2012 и во Рио де Жанеиро 2016 година. Тој има и сребро од Лондон, во мешани двојки, со Лора Робсон. Настапот во Париз за Мареј ќе биде петти на ОИ.