Неодамна беше обелоденето дека Енди Мареј ќе му биде нов тренер на Новак Ѓоковиќ. Тој потег на славниот српски тенисер на помалку необичен начин го прокоментира и тренерот на Данило Медведев, Жил Сервара.
Тој истакнува дека Мареј не знае ништо за тренерската работа, што може да биде голем проблем за српскиот ас.
– Познавајќи го Мареј, не сум изненаден. Знам дека не може да остане мирен повеќе од два или три месеци по пензионирањето. Но, тој ја нема она што ние го нарекуваме тренерска методологија.
Енди не знае ништо за тренерската работа, што значи дека ќе мора да учи во лет. Но тоа не е причината зошто Новак одлучи да работи со него, изјави Сервара за „Л’Екип“.
Да потсетиме, Ѓоковиќ рече дека го ангажирал Енди Мареј за нов тренер бидејќи Британецот многу добро го познава.
– Тој многу добро ја знае мојата игра и сето она низ што сум минал. Знае кои работи не се во ред во мојата игра, сите мои грешки, изјави Новак.