Екипата на Манчестер Сити се искачи на првата позиција на табелата во Премеир лигата откако во првиот денешен дуел од 18.коло како гостин го совлада Нотингем Форест со 2:1. Со новите три бодови „граѓаните“ се лидери со 40 бодови, еден повеќе од Арсенал, кој подоцна попладнево го игра дуелот со Брајтон.
Манчестер Сити поведе со голот на Тиџан Рајндерс во 48.минута, а домашните изедначија шест минути подоцна (54) преку Омари Хаџисон. Победничкиот гол фудбалерите на Пеп Гвардиола го постигнаа во 83.минута, а стрелец беше Рајан Черки.
По денешниот пораз Нотингем Форест остана во долниот дел од табелата на 17.место со 18 бодови.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: