Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола потврди дека сезоната е завршена за неговиот сонародник од Шпанија, Родри (28).
Фантастичниот играч за врска и еден од најдобрите фудбалери во светот ги повреди предните вкрстени лигаменти на десното колено на премиерлигашкиот натпревар против Арсенал (2:2) одигран на 22 септември.
Весникот Гардијан пишува дека Сити размислува да го доведе Самуеле Ричи (23) од Торино како замена за Родри. Станува збор за Италијанец способен да игра на неколку позиции во средниот ред, но се издвојува по разигрувањето на соиграчите и по отпорноста на притисокот на ривалите.
Ричи е меѓу најголемите желби на Сити во зимскиот преоден рок. За да го доведат сопствениците на Манчестер ќе треба да платат околу 36 милиони евра, пишува Гардијан.
Торино веројатно не сака да го продаде во средината од сезоната, особено што неговиот договор е до летото 2026 година и бидејќи е важен играч во битката за првите позиции во Серија А.
Ричи, од друга страна, тешко ќе му одолее на повикот на еден од најдобрите клубови во светот.
Според Трансфермаркт, Ричи е деснак, висок 181 см, роден во Понтедера. Мина низ младинските редови на Емполи, а Торино го донесе на позајмица за еден милион евра во јануари 2022 година, за да плати уште 8,5 милиони евра шест месеци подоцна.
За Торино тој веќе има 85 настапи, дадено три гола и шест асистенции. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 22 милиони евра.