Ако Барселона сака да го продаде Роналд Араухо претстојното лето, ќе може тоа да го направи без никаков проблем и да заработи многу пари бидејќи постои голем интерес за уругвајскиот стопер.
Прв на листата на заинтересирани беше Баерн кој е подготвен да понуди 80 милиони евра, но германскиот гигант доби силна конкуренција во Манчестер Јунајтед. Медиумите на Островот тврдат дека „ѓаволите“ се подготвени да одат и над таа сума, а нема да биде изненадување ако понудат над 100 милиони.
Јунајтед планира чистка во текот на летото, а еден од првите на листата за заминување е францускиот репрезентативец Рафаел Варан чија замена би требало да биде Араухо.