Арсенал го договорил трансферот на Калафиори

Фудбалерот на Болоња, Рикардо Калафиори многу брзо би можел да биде претставен како ново засилување на Арсенал. Британските медиуми „Атлетик“ и „Скај Спортс“ тврдат дека преговорите се во завршна фаза и дека е постигнат договор.

Вицешампионот на Англија понуди отштета од 40 милиони евра, а уште пет во бонуси. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да го засили тимот со играчот кој може да игра како стопер и лев бек, бидејќи на таа страна во одбраната дека имал најмногу проблеми.

На почетокот на минатата сезона тешка повреда заработи сестраниот Јуриен Тимбер, на кого Шпанецот му ја додели улогата на стартер, па на крајот на левата аут наизменично се менуваа Јапонецот Такехиро Томијасу, полскиот стопер Јакуб Кивиор и украинскиот репрезентативец Олександр Зинченко.

Калафиори зад себе има одлична сезона во Болоња, која под водство на сега веќе поранешниот тренер Тиаго Мота обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Овој 22-годишник е левоног и прилично некарактеристичен дефанзивец – силен, брз, но и доволно технички „поткован“ за да им пружи значителна поддршка на офанзивните играчи. Посебно се истакна на последното ЕУРО.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО