Трикратниот светски шампион Макс Верстапен, дојде до четвртата победа на пет трки оваа сезона и дополнително ја засили својата позиција сезонава за прв фаворит за титулата.
Утрово тој немаше конкуренција и оствари победа на трката во Кина. Возачот на Ред Бул го заддржа максималниот скор во трките кои ги заврши годинава, а воедно и во Шангај комплетираа двоен триумф, откако во саботата беас најдобри во спритот.
Шангај е инаку 30. различна патека на која Ферстапен успеал да дојде до највисокото скалило на пиедесталот.
Холанѓанецот ја запиша 58 победа во кариерата, со десет секунди предност во однос на второпласираниот Ландо Норис од Мекларен, додека подиумот го комплетира Серхио Перез.
На четвртата и петта позиција завршија возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, а топ10 се комплетира со уште Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Оскар Пиастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.